Лавров повторно повика на сеопфатна и одговорна истрага за случајот Скрипал
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров повика на „сеопфатна и одговорна истрага“ за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Тој предупреди дека Лондон нема да може да ги „игнорира легитимните прашања на Русија“.
- Нема да биде можно игнорирање на легитимните прашања што ги поставуваме, како што беше потврдено на седница на ОПЦВ што ја побара Русија, изјави тој во Моксва, еден ден по состанок на Организацијата за забрана на хемиско оружје и пред состанок на СБ на ОН за тоа прашање.
– Инсистираме да се спроведе сеопфатна и одговорна истрага во согласност со одбредбите на конвенцијата на ОПЦВ, изјави Лавров.
Четириесет и една држава од таа Организација вчера го отфрлија рускиот предлог Лондон и Москва да спроведат заедничка истрага за труењето на Скрипал и неговата ќерка во Солсбери, кои се уште се во болница.
Ново на Сител
-
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието
-
Со мотор удри во паркиран автомобил -Тешко повредена малолетничка во Кавадарци
-
Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци
-
Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа
-
Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Голема полициска акција во Тетово и Охрид - Се вршат претреси
-
Легално се продава најзагрозената пеперутка во Европа, која се наоѓа само во Македонија
-
Финансиска полиција: Внимавајте на фиктивни платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства