Лавров: Меѓу Русија и САД има взаемно разбирање за решавање на конфликтот во Сирија
Русија и САД имаат взамено разбирање за принципите за решавање на конфликтот во Сирија, но постигнувањето на согласност за нив е полесно отколку нивното спроведување во пракса, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Како што јави ТАСС, Лавров истакна дека ситуацијата во Сирија била главна тема на неговите средби со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и претседателот на САД Доналд Трамп, што се одржаа во средата во Вашингтон.
- Станува збор за тоа дека секоја од нашите земји заедно со другите големи играчи во Блискиот Исток, како Турција, Иран, земјите од Персискиот Залив, влијаат врз различни сириски страни, охрабрувајќи ги свесно да се однесуваат кон исполнувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, барајќи преговори, изработка на нов устав и подготовка на избори, нагласи Лавров.
- И по тоа прашање ние со Американците имаме взаемно разбирање, истакна рускиот министер за надворешни работи.
Лавров објасни дека договарањето по принцип за овие работи е полесно од нивното спроведување во пракса, со оглед на тоа дека во Сирија има премногу играчи, пред се самите сириски страни, како Исламската држава и Џебхат ан нусра, и оние кои соработуваат со нив.
Ново на Сител
-
Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи
-
Со возило на авто-школа удрен па истепан малолетник, а потоа нападната и неговата мајка
-
Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години