Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нападот на Израел врз Катар води кон натамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток.
– Ја примивме веста за оваа акција со длабока загриженост. Ја сметаме за грубо кршење на меѓународното право, пред сè на Повелбата на ОН, а претставува и посегнување по суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава, чекор што води кон натамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток, рече Лавров на состанокот на Стратешкиот дијалог на Советот за соработка меѓу Русија и земјите од Заливот.
Оценувајќи дека „таквите акции секако заслужуваат најостра осуда“, Лавров додаде дека на денешниот состанок ќе бидат развиени заеднички чекори за да се минимизираат негативните последици од оваа акција врз регионот.
– Русија ќе биде подготвена да му помогне на Советот за соработка на секој можен начин во развојот на заедничка линија во форматот на Советот, во форматот на Арапската лига и, колку што јас разбирам, во форматот на Организацијата за исламска соработка, рече Лавров.
МИА
Ново на Сител
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
