Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната седница на Советот на Федерацијата зборуваше за контактите со САД за мировното решение на судирот во Украина и ја обвини Европската Унија дека се обидува да го спречи процесот.
Лавров потврди дека Москва и Вашингтон постигнале договор за продолжување на работата за завршување на украинскиот конфликт.
– Главната работа е да постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без искоренување на основните причини за кризата, наведе Лавров.
Тој изјави дека предлозите што ги донесе во Москва специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, зборуваат за потребата од обезбедување права на националните малцинства и верските слободи во Украина.
– Русија ги цени напорите на Доналд Трамп за решавање на конфликтот преку политички и дипломатски средства, посочи Лавров.
Тој упати критики и кон политиката на Европска Унија, тврдејќи дека Брисел е „заведен од илузии“ дека Русија може да биде поразена.
– Откако го инвестираа целиот политички капитал во војната со Русија со рацете и телата на украинските граѓани, тие се залажуваат себеси во безнадежно политичка слепило со илузијата дека ќе ја победат нашата земја на еден или друг начин. Како што нагласи претседателот, ние немаме намера да се бориме со Европа, немаме такви мисли, истакна Лавров.
Но, тој предупреди дека Москва ќе одговори на какви било „непријателски чекори“, вклучително и евентуално распоредување на европски воени контингенти во Украина и запленување на руски имот.
Изјавите на Лавров, доаѓаат во време на интензивна дипломатска активност. Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Тие разговараа речиси пет часа за американската мировна иницијатива, но сè уште не е постигнато компромисно решение. Путин подоцна изјави дека Вашингтон го поделил планот од 27 точки на четири пакети и дека Москва не се согласува со некои од нив.
МИА
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
