Лавров: Две сириски исламистички групи ќе учествуваат индивидуално во преговорите

Две сириски исламистички групи ќе учествуваат во мировните преговори за Сирија во Женева, но на индивидуална основа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во Абу Даби.
Тој истакна дека е договорено Ахрар ал Шам (Исламско движење на слободните луѓе во Сирија) и Џаиш ал Ислам (Армија на исламот) да се вклучат во разговорите во швајцарскиот град.
Лавров нагласи дека двете исламистички сунитски фракции, поддржани од Саудиска Арабија, ќе треба, исто така, да ги исполнат сите барања на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН и категорично да се откажат од секаква екстремистичка дејност, како и да ја потврдат својата поддршка на зачувување на територијалниот интегритет на Сирија.
Спорот за состав на опозициската делегација, вклучувајќи ги и несогласувањата меѓу Русија и режимот во Дамаск против вклучувањето на определени фракции во неа, се главна причина за забавување на мировните преговори во Женева.
Шефот на руската дипломатија изрази надеж дека сириската опозиција ќе формира единствена делегација за разговорите во Женева.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
