-->
-->
Лавина на патот Маврово-Дебар - Монасите од Бигорски први помагаа
-->
Во расчистувањето на снежната лавини на патниот правец Маврово-Дебар, синоќа први се вклучија монасите од Бигорската обител. Според градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, благодарение на нивната ангажираност се успеало да се оспособи простор за да може да се минува.
- Во координација со Полициската станица од Ростуше побаравме помош од игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј. Тој позитивно одговри на нашето барање и поради близината веднаш простигнаа повеќе монаси со багер. Многу сме благодарни и ние и многуте патници кои главно патуваа за Дебар, изјави за МИА, градоначалникот Куртовски.
Потоа пристигнале и два багера на дебарската секција на „Македонија пат“ кои во текот на ноќта непрекинато работеа во расчистувањето на материјалот од коловозот. Според раководителот на секцијата, Деар Лиманоски, на коловозот имало над илјада кубни метри снег, камен и дрвја, поради што за негово целосно расчистување ќе се работи и денеска.
Поради лавината, која падна во 18:15 часот, во близина на манастирот, сообраќајот беше во прекин околу три часа.
Снегот предизвика тешкотии и во одвивањето на сообраќајот на патниот правец Дебар-Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња