-->
-->
Лауда: Розберг е поблиску до титулата
-->
Трикратниот светски шампион во Ф1, Ники Лауда на прес конференцијата одржана синоќа во Казино Фламинго во Гевгелија на прашање на новинар на СИТЕЛ ТВ за тоа кој ќе биде шампион во Ф1 оваа година одговори:
- Повеќе шанси има Розберг. За разлика од претходно сега е поофанзивен во возењето, а во моментов има и предност од 33 поени, што може да биде решавачка.
Притоа Лауда напомена дека безбедноста на трките во многу се разликува од времето кога тој се натпреварувал, но и дека за следната сезона се подготвуваат прописи, кои би требало да донесат повеќе неизвесност на трките.
Според него бројката на трки во една сезона би требало да биде меѓу 20 и 21, но не повеќе бидејќи во тој случај календарот би бил пренатрупан.
Лауда потоа го посети и ново отворениоит дел од Казиното Фламинго и имаше неколку минутно дружење со гостите кои беа присутни.
Ова е второ гостување на Лауда во Гевгелија (првото беше во март 2014 година).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп