Лани најбројни фирмите од трговијата
Државниот завод за статистика денеска објави дека во анализираните 53.238 деловни субјекти со 345. 709 вработени минатата година е остварен вкупен промет од 992 592 милиони денари и e создадена додадена вредност од 209 468 милиони денари.
Најголем број од претпријатијата припаѓаат на секторот „трговија на големо и на мало, 43 проценти, со 26,4 проценти од вкупниот број на вработени и реализирани 43,7 проценти од вкупниот промет.
Како втор по значење, секторот „преработувачка индустрија“ учествува сo 13,2 проценти од претпријатијата, 31 процент од вработените и 25,5 проценти од вкупниот промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот „преработувачка индустрија“ со 26,8 проценти и секторот „трговија на големо и на мало“ со 23,4 проценти.
Во однос на големината, во 2014 година преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,7 проценти). Во нив се ангажирани 33,3 проценти од вкупно вработените кои, пак, создале 23,2 проценти од вкупната додадена вредност.
Од друга страна, во големите претпријатија (0,3 проценти) се ангажирани 24,4 проценти од вкупниот број вработени, со остварени 34,5 проценти од вкупната додадена вредност во рамки на деловниот сектор.
Ново на Сител
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот