Лајчак: Средба на главните преговарачи на Белград и Приштина на почеток на септември
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека следната средба на ниво на главни преговарачи ќе се одржи на почетокот на следниот месец.
Лајчак на својот твитер-налог објави дека одржал одделни состаноци со шефовите на преговарачките тимови на Белград и на Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими.
– Имав значајни, одвоени разговори со првиот косовски вицепремиер Бесник Бислими и директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, околу подготовките за следниот состанок во рамки на дијалогот на ниво на главни преговарачи на почетокот на септември, напиша Лајчак на Твитер.
Петковиќ синоќа изјави дека очекува разговорите меѓу Белград и Приштина на техничко ниво да продолжат во првата половина на септември и дека српската делегација ќе инсистира на формирање на Заедница на српски општини како суштински дел на Бриселскиот договор и целосна имплементација на делот за правосудство, што се однесува и на пресудата против Иван Тодосијевиќ.
Тој, исто така, нагласи дека продолжувањето на разговорите на највисоко ниво зависи од успехот на овие преговори и дека српската страна покажала дека е за дијалог, но постојат црвени линии, бидејќи, како што истакна, никој не може да ги понижува српскиот народ и да го крши Бриселскиот договор.
Последната средба на највисоко ниво помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, се одржа во Брисел на 19 јули.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%