Фудбал
14. јуни 2016 - 9:17

Лагербек: Вечерва играме против „глумци“

Селекторот на Исланд, Ларс Лагербек, ја започна психолошката војна пре мечот на неговата репрезентација со Португалија, во првото коло во Ф групата на Европското првенство. Легарбек рекол дека Кристијано Роналдо и Пепе, поради театралноста би требало да добијат Оскар.
 
„Португалија го има еден однајдобрите играчи во светот, но Роналдо исто така е и одличен актер. Во финалето во Лигата на шампионите видовме уште една негова улога која е достојна за Холивуд. Што се однесува до Пепе сите ги видовте снимките и според мене тоа е глумење на виско ниво, иако јас не ги познавам најдобро стандардите на Холивуд“, рекол Лагербек и дополнил:
 
„Тоа мене не ми се допаѓа, би сакал да се воведе правило и таквите снимки да се прегледуваат и да бидат воведени ретроактивни казни“.
 
Мечот Португалија-Исланд ќе се одигра во вторник од 21 часот.