Бизнис
18. March 2022 - 16:42

Лабораториски анализи: Какви горива се користат во Македонија и регионот?

Загрижувачки податоци откривааат анализите на лабораторијата во Грција, која направи тест на горивата што се точат низ регионот. Наместо рафиниран производ во резервоарите пронашле нафтени деривати помешани со масло и керозин. Постапка која го гарантира зголемениот профит, но му штети на моторот и ги труе граѓаните.

Анализите биле направени во Албанија, Македонија, Црна Гора и Грција. Податоците покажале дека најлоша нафта има на бенизнските во соседна Албанија. Македонците и Црногорците, пак, точат најквалитетен дизел во регионот. Во истражувањата се анализирале шест параметри.

На скала од 0 до 5, дизелот од Македонија и Црна Гора ја добил највисоката оценка за квалитет. Грција има четворка, додека дизелот во Аланија е со најслаб квалитет. 

Оттаму се земени вкупно 5 примероци, од кои еден е оценет со четворка, еден со двојка, еден со единица, а два добиле оценка нула. Вештаците констатирале дека три од петте албански примероци на нафта се со многу лош квалитет и не се сметаат за сигурни производи за употреба.

Често отстапувања од квалитетот се забележуваат во однос на стапката на сулфур во нафтата. Кај некои од примероците од Албанија е измерен сулфур дури 30 пати повеќе од дозволеното.

Според Светската здравствена организација, сулфурот има директни здравствени ефекти. Влијае на респираторниот систем и функциите на белите дробови, предизвикувајќи рак. 

Големите количини сулфур во нафтата доведуваат до хроничен бронхитис и ја зголемуваат смртноста кај луѓето со срцеви заболувања.