„Ла Стампа“: АстраЗенека скрила 30 милиони дози вакцини во Италија
Италијанските власти, во рамките на истрага што ја покрена Европската комисија, во италијанската фабрика „Каталент анањи“ открија огромна количина дози на вакцината АстраЗенека, информира весникот „Ла Стампа“ додавајќи дека вакцините биле подготвени за транспорт до Велика Британија.
Во Италија, значи, постои вакцина за која се борат ЕУ и Велика Британија, коментира весникот. Оваа количина вакцини е исклучително важна и за ЕУ и за Велика Британија. Што се однесува до Европската унија, ова е двојно повеќе отколку што цела Европска унија досега има добиено од АстраЗенека, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза од вакцината.
Според „Ајриш Тајмс“, се работи за вакцини произведени во холандска фабрика кои завршиле во Италија.
– АстраЗенека има договор и со Европската унија и со Велика Британија, па прашање е кого е испочитува со овие дози, коментира весникот.
Како што наведува „Ајриш Тајмс“, меѓу Брисел и Лондон имало многу телефонски повици за судбината на тие дози. Во исто време, Европската унија изработува предлози за засилување на контролата врз извозот на вакцини, во обид да се присили АстраЗенека да испорача повеќе вакцини на Унијата.
– Очекувавме испораки во стотици милиони, а не добиваме ниту четвртина, рече Сандра Галина, главниот преговарач на Комисијата за вакцини.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
