КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши анализа на новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје, со кој бесплатниот престој до 10 минути е ограничен на еден влез со исто возило во период од 24 часа, информираат од КЗК.
Анализата, како што велат, има за цел да утврди дали воспоставениот режим, имајќи ги предвид условите под кои работат различните такси-превозници и постоењето на посебно овластен аеродромски такси-оператор, може да влијае врз условите на конкуренција и пристапот до аеродромската инфраструктура.
- Комисијата ќе ги испита оправданоста и пропорционалноста на воспоставените услови, нивното фактичко влијание врз такси-превозниците и дали постојат еднакви и недискриминаторски услови за пристап за сите учесници на пазарот. Комисијата во оваа фаза не прејудицира постоење на повреда на правилата на конкуренцијата. По прибирањето и анализата на сите релевантни информации, Комисијата ќе донесе соодветен заклучок за понатамошното постапување, прецизираат од КЗК.
Оттаму нагласуваат дека Комисијата останува посветена на обезбедување еднакви услови за конкуренција и спречување на секое однесување што може да доведе до ограничување или нарушување на конкуренцијата на пазарот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
