-->
-->
Квалификации за СП 2018: Три гола во завршните минути на дуелот Шкотска - Англија
-->

Британското дерби меѓу Шкотска и Англија ги оправда очекувањата, односно приматот дерби на синоќешните дуели од 6.коло во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија 2020 година.
Средбата на опдиграна на „Хемпден парк“ во Глазгов заврши без победник 2-2. Алекс Окслејд-Чембрлејн ги доведе гостите во водство во 70.минута, а потоа со двата гола на Лејт Грифитс од слободен удар (87 и 90 минута) Шкотланѓаните направија пресврт. Но, гостите не се предадоа, па преку Хари Кејн во третата минута од судиското надополнување (90+3) Англија се избори за реми.
Резултати од синоќешните средби во Мундијалските квалификации:
Група Ц: Азербејџан - Северна Ирска 0-1, Норвешка – Чешка 1-1 и Германија - Сан Марино 7-0
Табела: Германија 18 бодови, С. Ирска 13, Чешка 9, Азербејџан 7, Норвешка 4 и Сан Марино 0.
Група E: Казакстан – Данска 1-3, Полска – Романија 3-1 и Црна Гора – Ерменија 4-1.
Табела: Полска 16 бодови, Црна Гора 10, Данска 10, Романија 6, Ерменија 6 и Казахстан 2.
Група Ф: Словенија - Малта 2-0, Шкотска - Англија 2-2 и Литванија – Словачка 1-2.
Табела: Англија 14 бодови, Словачка 12, Словенија 11, Шкотска 8, Литванија 5 и Малта 0.
Денеска во европските квалификациски групи се играат нови девет натпревраи, меѓу кои и дуелот во Скопје, каде Македонија ќе ја пречека селекцијата на Шпанија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот