Ракомет
20. April 2023 - 19:54

Квалификации за ЕП (ж): Македонија во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан

Женската раккометна репрезентација на Македонија конечно доби квалификациска група која дава шанси да се пласираме на ЕП кое наредната година ќе се одржи во Австрија , Унгарија и Шпанија. 
Денеска ЕХФ ги извлече квалификациските групи за следното ЕП а Македонија со многу среќа ја доби групата пет  во која се Шпанија, Литванија и Азербејџан што дава надеж дека може да се најдеме во завршницата на овој шампионат кој наредната година ќе се одржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија и тоа од 28- ноември до 15-ти декември. 
Според правилата првите две селекции од групата патуваат директно на евро-шамшионатот заедно со уште четирите најдобри третопласирани селекции. 
Нашата репрезентација беше во вториот шешир и избегна три силни селекции од третиот шешир како што се Украина, Турција и Португалија и од тука за противник ја добивме Литванија. 
Минатата година како кодомаќини учествувавме за првпат на ЕП и ова е можност да направиме континуитет со второ учество. 
На шампионатот ќе настапат 24 репрезентации од кои четири веќе се познати, тоа се домаќините (Австрија, Унгарија и Швајцарија), плус актуелниот првак Норвешка.