Фудбал
10. September 2019 - 11:49

Квалификации за ЕП: Победи на Белгија и Германија

Белгија и Русија од И-групата речиси го обезбедија пласманот на ЕУРО 2020. Холанѓаните лесно ја минаа Естонија, а Германија забележа значајна победа во Северна Ирска.

Кевин Де Брујне имаше блескав настап во Глазгов против Шкотска каде Белгијците и без Еден Азар победија 4-0. Играчот на Манчестер сити во првото полувреме ги намести головите што ги постигнаа Лукаку, Вермален и Алдервирелд, а во 82 минута самиот стави точка на натпреварот.

Русите се мачеа со Казахстан, а до победата стигнаа во претпоследната минута со голот на Фернандес.

Очекувана победа во оваа група забележа Кипар. Кипраните кај Сан Марино славеа со 4-0.