Квалификации СП: Шпанија пресилна за македонските кошаркари
Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Шпанија со 65:94 (14:21,16:20, 17:29, 18:24) во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Подмладениот состав на селекторот Драган Бајиќ му пружи достоен отпор на светскиот првак во воведните две четвртини, заминувајќи на полувреме со негатива од 11 поени разлика (31:40). Со агресивна игра во третата четвртина Шпанија го скрши отпорот на македонските кошаркари и ја сведе на ревијален карактер завршницата на дуелот во салата „Јане Сандански“.
Најефикасен во македонските редови беше 17-годишниот Теодор Симиќ со 18 поени, додека Џејкоб Вајли запиша 10 поени зад своето име, додавајќи и пет скокови. Следен противник на македонските кошаркари, в понеделник од 18 часот во Киев е репрезентацијата на Украина, која претходно вечерва во воведниот натпревар од групата Г загуби на гостувањето во Грузија со 88:83.
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела