Кузмановски во Детектор: Никој не добива од коцка освен организаторот – секогаш те фаќа на кондиција

Сигурно е поголем бројот на луѓе кои што одат во кладилница, вели поранешниот директор на Државната лотарија Дане Кузмановски во Детектор коментирајќи ги резултатите од најновата анкета кои покажаа дека само една петтина од анкетираните одат во обложувалница.
Тој вели дека никој во анкета нема да признае дека се коцка, а уште помалку ќе признае колку пари изгубил вели Кузмановски.
„Никој на телефон нема да би каже, да јас одам во обложувалница, затоа е мал процентот од 22%. Сигурно процентот е поголем. Но има луѓе се срамат, вие ќе го прашате на телефон одиш ли, а бидејќи тоа сепак е порок, тој ќе рече не.
Втора работа е дека сите тие нема да ви кажат колку точно изгубиле. Не добива никој, добива само организаторот. “ – вели Кузмановски.
Според него, проблем е фактот дека има премногу локали кои служат како казина и спортски обложувалници но како што вели, предлогот на ДУИ не е решение.
Тој додава дека дислокацијата на казината и кладилниците ќе доведе до пораст на ваквиот бизнис на црно, а истовремено, никој не може да ги спречи луѓето да играат игри на среќа на интернет.
Ново на Сител
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
