Кузеска: СДСМ нема да поддржи референдум против македонски јазик во ЕУ
На Христијан Мицкоски што му пропаднаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација, му потонаа сите лаги.
Со еден збор, се’ што кажа Христијан Мицкоски излажа. Мицкоски тоне се подлабоко а со себе сака ја повлече и целата држава. Тоа СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи.
Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ.
Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа а потоа истиот го бојкотираше.
По налог на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа.
Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им важен ниту македонскиот јазик, ниту интересите на граѓаните.
Тие имаат за цел само да направат штета на државата, да ја попречат европската интеграција заедно со проруската Левица и ништо повеќе.
Впрочем и самите граѓани видоа дека седниците на Извршниот комитете на ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса, таму ништо не се одлучува, само се потврдувата желбите на Мицкоски.
Мицкоски е единствен член на Извршниот комитет а тоа го покажува и веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.
Како да живее само да го надмине својот ментор од Бидимпешта.
Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди се пропаднати, така ќе биде и овој пат.
Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен.
СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
