Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка
Демаскирана е уште една голема лага на Христијан Мицкоски.
Се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство.
Соочен со пораз на неговите невистини, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка.
Со денови, Христијан Мицкоски го лажеше народот дека има ново мнозинство, дека има 61 глас за недоверба на Владата.
За пуста власт по секоја цена, седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор.
Без било какви приниципи посакуваше дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата.
Наместо да се засрами, да се извини, да понесе одговорност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со невистини за наводно киднапирање на пратеник.
Во време кога истиот тој пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата.
Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со невистини.
Затоа оставка. Срам е да не се извиниш за сите лаги и да не поднесеш оставка.
Почитувани граѓани,
Се потврди она што го тврдевме, дека мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.
Заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбедиме продолжување на напредокот на земјата.
Деструктивните антизападни сили се поразени. Не успеаа да ја дестабилизираат земјата, да ја загрозат демократијата, слободата, меѓуетничките односи.
Стабилноста на земјата е обезбедена. Народот може да биде спокоен.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз