Кувајт ја претстави „Федха“ – виртуелна презентерка на вести
Кувајт ја претстави „Федха“ како виртуелна презентарска создадена од вештачка интелегеницја.
„Федха“ беше претставена преку „Твитер“ профилот на „Кувајт Њуз“ и е жена која носи црно сако и бела кошула. Таа ќе чита исечоци од вести претходно објавени на веб-медиумите , јавува „Гардијан“.
„Јас сум Федха, првата презентерка во Кувајт која работи со помош на вештачка интелигенција во ‘Кувајт Њуз’. Какви вести преферирате? Би сакала да ги слушнам вашите размислувања“, вели таа на арапски.
Кувајтскиот медиум кој ја претстави „Федха“, е поврзан со „Кувајт Тајмс“, медиум основан во 1961 година и претставува прв медиум на англиски јазик во државата.
Првичното видео од презентирани вести од страна на Федха кое трае 13 секунди создаде лавина од реакции, вклучувајќи и реакции од новинари.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек