Кувајт: Извештаите за повлекување на американските сили од државата се неточни, медиумот бил хакиран
Кувајтската Влада соопшти денеска дека државната агенција Куна била хакирана и поради тоа бил објавен неточен извештај дека американските сили во Кувајт ќе се повлечат.
Тарек ал-Музарем шеф на валдиниот оддел за комуникации со јавност објави на Твитер дека изјвештајот на агенцијата Куна е неточен и дека медиумот бил хакиран. И од државната новинска агенција објавија дека веста за повлекување на американските сили не е точна и дека тоа е поради компјутерски упад во системот на медиумот.
Засега не е објавено кој стои зад нападот.
Во извештајот на Куна беше наведено дека министерот за одбрана на Кувајт добил писмо од командантот на воениот камп на САД во Кувајт „во кое се најавува повлекување на сите американски воени сили за три дена“.
САД се посветени на безбедноста на сојузникот Кувајт, соопшти американската Амбасада во Кувајт.
„Тоа не се смени и нема да се промени. Американската Амбасада во Кувајт продолжува да работи нормално“, велат од Амбасадата.
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници