Балкан
27. July 2016 - 17:43

Куртулмуш: Турција ќе ги отстрани сите заговорници од државните институции

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш денеска изјави, дека сите „заговорници-терористи“ ќе бидат отстранети од државните институции, јави БТА. 

-Ние ќе го демократизираме системот, така што никој никогаш нема да помисли да кова заговор за друг државен удар во Турција, нагласи Куртулмуш.

Вицепремиерот објасни дека процесот на демократизација ќе почне со средбата на Високиот воен совет во турската премиерска резиденција, што ќе се одржи утре. 

Се очекува на средбата да бидат објавени голем број промени во раководството на вооружените сили. 

- Ќе ги отстраниме сите паразити, непријатели на државата и нивните соучесници од турските вооружени сили, истакна Куртулмуш, и додаде дека со мерките кои се преземаат, по обидот за преврат, Турција ќе стане подемократска држава. 

Најмалку 246 лица загинаа, а над 2.100 беа повредени при обидот за пуч во Турција.