-->
-->
Куртоа повреден, Беговиќ на голот на Челзи
-->
Шампионот на Англија, Челзи во следните два месеца нема да може да смета на својот прв голман Тибо Куртоа, пренсуваат британските медиуми.
На првиот тренинг по враќањето од обврските со репрезентацијата Куртоа го повреди коленото.
Тоа значи дека поради паузата тој ќе пропушти седум натпревари на „сините“ - четири во Премиер лигата (Евертон, Арсенал, Њукасл, Саутемптон), два во Лигата на шампионите (Макаби и Порто) и еден во Лига купот (Волсол).
Притоа нема да може да брани и на последните дуели од квалификациите за ЕУРО 2016 за Белгија (Андора и Израел), бидејќи натпреварите се играат на почетокот на октомври.
Отсуството на Куртоа ќе биде нова можност Асмир Беговиќ да застане на голот на Челзи. Тој веќе бранеше на два натпревара во Премиер лигата по исклучувањето на Куртоа во 1. коло на дуелот со Стоук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот