Курти: Путин може да ја прошири војната од Украина на Западен Балкан
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека рускиот претседател Владимир Путин може војната што ја води во Украина да ја прошири и на други простори, при што голема опасност од отворање ново жариште му се заканува на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Рускиот претседател, вели Курти, не сака да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, туку со претседателот на САД Џо Бајден.
– За таа цел, јас стравувам дека (Путин) ќе ја интензивира војната во Украина, но и ќе ја прошири на други места, бидејќи не може да седне на преговарачка маса само со војната во Украина. Западен Балкан е во опасност, иако тука веќе се води хибридна војна. Во Ниш (Србија) се наоѓа таканаречниот Хуманитарен центар на Русија, кој е преполн со руски агенти. Меѓутоа, ние сме загрижени, но не и исплашени, рече Курти.
Канцеларот Нехамер, осврнувајќи се на актуелните предизвици кои ги отвори кризата во Украина, рече дека е свесен за проблемите меѓу Косово и Србија, но порача дека двете држави треба да се свртат кон иднината.
– Живееме во време на предизвици. Борбата против пандемијата беше една од најголемите задачи на времето, додека моментно ја имаме војната во Европа. Се поставува прашањето какви последици може да има за нас. Инфлацијата, растот на цените на енергијата, растот на цените… сето тоа треба да го решиме заедно, затоа што сме пријатели и во тешки времиња не смееме да се оставиме сами меѓу себе, рече Нехамер.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
