Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и неговата поврзаност со Русија
Според Курти, балканскиот регион е загрозен единствено од Белград, „а сега и од неговите тесни врски со Руската Федерација и нејзината неоправдана, незаконита и неиспровоцирана агресија врз Украина“.
Во краткото обраќање пред новинарите по 20-дневниот престој во САД и подоцнешното учество на Економскиот форум во Давос, Швајцарија, косовскиот премиер рече дека неговите средби со американски бизнисмени и официјални лица биле во функција на привлекување инвестиции во Косово и на безбедноста на државата.
– Имав две главни цели при оваа посета на САД: Првата беше инвестирањето во Косово, а втората беше безбедноста на Косово. Наголемиот дел од средбите ги имав со разни компании, кои ги запознав со прогресот на Косово и можностите за инвестирање. Второ беше прашањето на безбедноста на Косово, во светтлината на проблемите кои ги имаме на Балканот, а тие проблеми извираат единствено од официјален Белград, а сега и од неговите тесни врски со една држава која е во војна, односно со Руската Федерација и нејзината неоправдана, незаконита и неиспровоцирана агресија врз Украина, рече Курти.
Тој информира дека во САД побарал поддршка за зачленување на неговата држава во Советот на Европа, како и во програмата „Партнерство за мир“, како „прв и мошне значаен чекор за зачленување во НАТО“.
Во врска со косовско-српскиот дијалог за нормализирање на односите меѓу двете држави, Курти рече дека, за да се постигне напредок во тој правец потребно е „Белград да се промени“ за да се дојде до конечно решение со меѓуебно признавање на двете држави.
– Значи, треба Белград да се промени и дијалогот да резултира со законски обврзувачки договор за целосно нормализирање на односите, при што централно место ќе има меѓуебното признавање“, изјави Курти.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
