Курти: Останува на ЕУ да најде механизам овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки
Постигнавме јавен договор за анексот што ќе води кон спроведување на основниот договор. Останува на Европската унија да најде механизам статусот на овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки, изјави косовскиот премиер Албен Курти по повеќечасовната средба во Охрид со потсредство на Европската Унија.
Во изјава за медиумите, Курти рече дека дошол во Охрид со намера да го потпише основниот договор со анекс, но дека српската страна и овојпат избегнувала негово потпишување, исто како на последната средба во Брисел на 27 февруари.
Според Курти, основниот договор де факто значи взаемно признавање на двете страни
Прашан дали ќе почне враќањето на Србите на Косово, Курти рече дека се залага за правата на сите граѓани на Косово.
- Тоа значи дека се залагам и за оние кои сакаат да се вратат. Повеќе од нив веќе ги имаат продадено имотите, но има и такви кои имаат имоти на Косово и се залгам за правата на сите тие луѓе без разлика на нивната припадност, рече Курти.
Одговарајќи на новинарски прашања за исчезнатите лица, Курти рече дека ќе се залага максимално да се открие нивната судбина и да се обезбеди правдата за нив.
Што се однесува до изборите на Косово, Курти истакна дека за нив не е разговарано, бидејќи тоа се внатрешни работи на Косово.
Ќе ги донесеме сите одлуки кои се неопходни за што подобро да се организираат изборите. Жал ми е што на 5 ноември лани Белград нареди пратениците на Српската листа и повеќе од 400 полицајци на северот на Косово да поднесат колективна оставка. Мислам дека тоа беше грешка, рече Курти.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
-

Фејсбук го прослави 22-иот роденден
-

Командирот на ППЕ Кочани: Гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, но без вентил
-

Пожарникарите стигнале на местото на пожарот во дискотеката Пулс пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
