Loading Video...
Свет
28. September 2023 - 16:47

Курти ја повика Меѓународната заедница да ја казни Србија за нападот во Бањска

Косовскиот премиер ја повика Меѓународната заедница да ја казни Србија за нападот во селото во Бањска, во кој беше убиен косовски полицаец. Ако остане неказнета, тогаш ќе го повтори делото, рече Курти во денешниот говор во косовското собрание. Косово ја обвини Србија дека стои зад вооружената група која во неделата се судри со косовоските сили и тврди дека групата била предводена од Милан Радоичиќ, истакнат полиитчар од Косовските Срби и лојален на српскскиот претседател Вучиќ.

Приштина тврди и меѓу убините напаѓачи бил екс телеохранителот на Александар Вулин,шефот на српската разузнавачка служба. Вучик во интевју за РТС го негираше учеството на државата Србија во настаните во Бањска, рече дека групата на вооружени Срби за него никогаш не би можеле да бидат терористи и повтори дека нема оправдување за убиениот косовски полицаец, но и дека тој немал право да биде на северно Косово.

Според Вучиќ,главен виновик е Курти, за кого посочи дека создавал терор врз Србите на Косово. Ги повика косовските Срби да се воздржат од насилство, а за Милан Радоичиќ, кажа дека тој се наоѓа во Србија и дека ќе биде сослушан. Вучиќ во интеврјуто направи и паралела меѓу настаните во Бањска со тие во кумановско Диво Насеље во 2015 година.

Споредбата Вучиќ ја направи откако албанскиот премиер изјави дека прогласуањето на ден на жалост во Србија е погрешен чекор. Косовските власти соопштија дека од денеска е засилено присуството на специјалните единици на северот на Косово.

Грчкиот град Волос и околните села повторно се под вода, по втор пат за еден месец. Според локалното населениe, новото невреме Елиас што синоќа беснееше било посилно во споредба со претходното Даниел, што ја зафати Грција на почетокот од месецов.

До утрово најмалку 330 лица биле евакуирани на безбедни локации а во делови на градот сеуште нема електрична енергија. Проблеми има и со водоснабдувањето. Елиас предизвика поплави и проблеми и во северниот ден на островот Евија. Метеорлозите предупредуваат дека невремето ке продолжи и во текот на денешниот ден, а грчките власти аплеираат до граѓаните да избегнуваат непотребни патувања.