"Курир": Сорос троши по 15.000 евра на ден за уривање на Македонија, а ЗНМ доби 200.000 евра од ЕУ за партиска пропаганда
Фондацијата СОРОС троши по 15,000 евра на ден за рушење на демократски избраната влада и подршка на СДСМ. Анализира “Курир“ повикувајќи се на финансискиот извештај на Фондацијата Отворено Општество Македонија, според кој во 2015, Соросовата фондација потрошила 387,964,687 денарили или 5,332,759 евра, доколку оваа бројка се подели со 365 дена излегува дека од СОРОС дневно се излеваат по 15,000 евра.
Во 20 годишното постоење на Сорос, потрошени се над 100 милиони евра. А како што пишува Курир во својот последен извештај од СОРОС не кријат дека освен што ги трошат парите за организирање на протести, ги трошат и за странски лобисти кои имаат задача да пишуваат негативни извештаи за државата.
На платниот список на СОРОС се 78 невладини организации во земјата, а во голем дел од нив членуваат истите луѓе. Овие организации го делат огромниот колач од над 5,3 милиони евра годишно. Тие организации ја основаа плафтормата граѓаните мк а истите се предводници и на иницијативата “Протестирам“, која ги организира протестите на СДСМ.
Во просек секоја од овие организации има по десетина активисти или вработени. Тоа се околу 780 луѓе- истите тие кои протестираат, чкртаат и ги вулгаризираат спомениците и објектите низ центарот на Скопје, се вели во текстот на Курир.
