Македонија
5. July 2015 - 20:20

КУРИР: Расте притисокот врз Заев за оставка неговите ветувања само празни зборови

Ветувања без број проекти нула. Расте револтот кај струмичани за неисполнетите ветувања на градоначлникот Зоран Заев. Наместо да се грижи за градот за кој го има мандатот, Заев повеќе време поминува во Скопје и наместо за граѓаните, работи за интересите на својата партија.

Струмичани децидни, Заев да се повлече од градоначлничката функција бидејќи нема легитимитет и да овозможи организација на предвремени градоначлнички избори. Јавноста ги памети ветувањата на Заев во 2012 година.

Три години продоцна од ветувањата на Заев нема ништо. Сликите од терен покажуваат дека од новото турско маало нема ништо, а граѓаните се уште живеат во кал и како на депонија.

Граѓаните се револтирани од игнорантскиот однос на Заев, Тие го канат  конечно да дојде во Струмица за да види, во какви услови живеат, а градоначлничкото место да му го отстапи на некој кој е подготвен наместо за патијата, да работи за градот.