Македонија
22. December 2016 - 17:18

Курир: Преку измислени нерегуларности во Теарце СДСМ подготвува изборна кражба на граѓаните

Граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека СДСМ со огромни суми на пари купува гласови во Теарце, објавува порталот Курир.

-Каква пара се истура низ селово за људиве да гласаат за СДСМ во недела.

-Имам роднини во Теарце ми кажаа дека луѓе на СДСМ веќе почнале да нудат пари за гласови

Ова се само дел од коментарите кои можат да се прочитаат на социјалните мрежи. Според порталот ваквите сведоштва се уште еден доказ дека преку измислени нерегуларности во Теарце СДСМ подготвува изборна кражба на граѓаните. Порталот пишува дека  многу експерти сметаат дека надвор од здравата логика е да се помисли дека некој би правел бугарски воз и тоа токму во Теарце, а прегласувањето во оваа општина е последниот очаен обид на Зоран Заев да ја спаси својата политичка кариера.

И жителите на Теарце се изненадени од одлуката за повторно гласање. Тие велеа дека гласањето на 11 декември се одвивало во мирна атмосфера и никој не забележал нерегуларности.

Курир пишува  дека после сите овие сведоштва и извештаите на домашните и странските набљудувачи повеќе од јасно е дека СДСМ се обидува преку постизборен инжинеринг да ја фалсификува волјата на граѓаните искажана на фер и демократски избори, но и да ги омаловажи жителите на Тераце со тврдење дека тие учествувале во изборни нерегуларности. Дополнително, повторувањето на одличниот изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ кои освои 455 илјади гласови, јасно ги негираше теориите на опозицијата дека преку постоење на фантомски гласачи,  изборите во 2014-та биле фалсификувани.