Македонија
1. October 2015 - 16:45

Курир: Опозициските медиуми и натаму лажат дека постои писмо на специјалци за „Диво насеље“

Тендецијата на опозициските медиуми да создадат вештачка слика од настаните во Куманово е веќе очигледна пишува Курир. Писмото од специјалците е целосно измислено а за тоа потврда е и последната изјава на специјалниот обвинител Катица Јанева за Дојче Веле во која тврди дека не добила никакво писмо.

 – „Не, не сум добила писмо. Она што ќе го кажам и ќе го повторам, е дека го прочитав писмото во медиумите. “

Во анализата на порталот стои дека на овој начин тие  преку лаги и манипулации сакаат да издвојат политички бенефит, со создавање на погрешни перцепции и слика за неуспешност и монтирање на акцијата со која беше разбиена една од најопасните терористички групи на балканот. ВО изминатиов период опозициските медиуми настапуваат со фронтални лаги и измислени стории, една од нив ее отвореното писмо кое најпрво го објави Алсат. Писмо со кое наводно  специјалци кои учествуваа во разбивање на терористичката група во Диво Насеље бараат од специјалниот обвинител да го разгледа случајот. Соросовите медиуми според Курир, веднаш се налепија на темата и ја споделија веста. Уште на самиот почеток писмото беше сомнително бидејќи гласеше како отворено а никој не го видел ниту пак самата телевизија го објави како веродостоен податок. Под притисок на јавноста отвореното писмо преку ноќ стана анонимно односно опозициски Фокус објави дека наводно  Јанева им потврдила дека го добила, но и дека писмото останува анонимно. Но лагата целосно се разоткрива сопоследната изјава на Јанева за Дојче Веле со која се разоткрива дека се е измеслено во некоја од партиските кујни на опозицијата.  Дното е постигнато пишува Курир, со перфидните лаги кои сакаат да ја контаминираат македонската јавност. За  акцијата во Диво Насеље истите медиуми  лажеа дека имало цивилни жртви, дека загинала мајка со дете, наметнуваа воена психоза дека се пука во Тетово и Арачиново, па терористите ги направија цивили во патики и тренерки, лажеа дека војската подготвува гумени куршуми за протест, тврдеа дека терористите преговарале со полицијата. Но ова не се единствените , според порталот тие објавија целосна измислена приказна дека наводно Мартин Протуѓер ургира за вработување на Гордана Јанкуловска за плата од 10 илјади евра во Агенција за воздухопловство. Лажна е и приказната дека  државата е меѓу најзадолжените во Европа, а според светска банка и ММФ а и според Еуростат државата е меѓу најмалку задолжените земји на европскиот континент.