-->
-->
Курдските власти воведоа седумдневен полициски час во Северна Сирија
-->
Курдските власти во Северна Сирија воведоа седумдневен полициски час во некои реони, кои неодамна и беа преземени на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Полицискиот час почнува од денеска и се однесува на преземените реони од страна на курдските сили во провинцијата Рака и градот Рас ал Аин, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Во последните недели значителни територии во северниот дел на Сирија се повторно под контрола на курдските „Сили за заштита на народот“.
- Ние сме во ситуација на отворена војна и внимателноста е важна. Вакви мерки се неопходни со цел да се спречи влез на непријателски сили, изјави претставник на курдските власти во Северна Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола