Курдите ги замрзнуваат сите активности против Исламска држава
Раководството на Сириските демократски сили (СДФ), во кои доминираат курдските борци, објави дека ги „замрзнува“ сите операции против Исламска држава.
-Ги замрзнуваме сите наши активности против Исламска држава, изјави лидерот на СДФ, Мазлоум Абдни во телевизиско интервју за курдскиот канал „Рохани“.
Абдни додаде дека СДФ ќе се задоволи со „подефанзивни“ операции против Исламска држава.
Оваа изјава доаѓа по повеќедневната офанзива на турската војска на североистокот од Сирија која ја почна со цел, како што објаснува официјална Анкара, да ги обезбеди турските граници и од нив да ги тргне сириските Курди, кои Турција ги смета за терористи.
Исламска држава, која беше формирана на територијата на Сирија и Ирак, во март годинава беше воено поразена и оттогаш функционира како тајна органзиација, но само во некои делови од своите поранешни територии.
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности