Курц: ЕУ не се само Германија и Франција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека распределбата на бегалците во земјите на ЕУ не успеа, и порача дека ЕУ не се само Германија и Франција и оти помалите членки мора да имаат право да ги искажат своите ставови и за тоа да бараат мнозинство.
Тој повика на подобра заштита на надворешната граница на ЕУ, како и поефикасна борба против шверцерите, но и заедничка помош на лице место.
– Распределбата ја одбија многу земји и тоа нема да функционира, нагласи Курц пред најавената презентација на предлогот за реформа на политиката за азил на Европската комисија.
Тој смета дека би било добро доколку Европската комисија се посвети на темата азил и миграција, бидејќи тоа може да се реши само со европски одговор.
Курц одбива да употребува изрази како што е „солидарност“ во дебатата за миграцијата.
– Европа требаше да извлече поука од 2015 година и заеднички да се бори против илегалната миграција, подвлече тој.
Според него, Австрија даде огромен придонес во врска со прашањето за бегалците.
Тој потсети дека Австрија, по Шведска и Германија, е трета најпогодена земја во ЕУ кога станува збор за прием на бегалци, и оти во последните пет години примила 200.000 луѓе.
Курц истакна дека малите држави исто така треба да имаат можност да ги застапуваат своите интереси во ЕУ.
– ЕУ е повеќе од Германија и Франција, порача тој, додавајќи дека двете големи земји имаат одредено право на лидерство, но и дека другите земји-членки мора да имаат можност да ги презентираат своите идеи и да бараат мнозинство за тоа.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
