Бизнис
30. October 2015 - 19:46

„Купу куќа – Купи стан“ – Идеален за младите брачни парови

Проектот Купи куќа купи стан е одлична можност за младите парови кои сакаат да дојдат до сопствен дом. Банкарите сметаат дека условите што ги нуди проектот заедно со ниските каматни стапки и понудата на недвижности на пазарот се шанса за сите кои сакаат да инвестираат и да го решат станбеното прашање.

Интересот повеќе е во делот на отплатата на рата отколку на учество, но како и да е, секој од граѓаните го наоѓа својот интерес што повеќе му одговара во дадениот момент. Во секој случај самиот проект, понудата и поддршката се од исклучителна важност,

Министерот Ставрески кој вчера го отвори 4от саем Купи куќа купи стан истакна дека нема подобро време од ова сега граѓаните да се стекнат со сопствен дом. Повика да ги искористат субвенциите што ги нуди државата и да го надминат почетниот период на плаќање на обврските за кредити.

Од вчера сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за поволностите што ги нуди проектот на саемот во Сити мол. Досега владиниот проект помогна 680 семејства да го решат станбеното прашање.