Живот
8. January 2016 - 11:35

Купила парче месо, па се шокирала од неговата форма

Една мајка посакала да им подготви свинско на своите деца, но кога дошла во продавницата се фатила за едно парче и останала во шок.

Луиса Ват случајно фатила едно парче месо со фалусна форма кога ја посетила продавницата во Нортхемптон во неделата.

Кога се вратила дома и на својот маж му го покажала парчето месо, Шек бил шокиран од тоа како изгледало.

Луиса рекла дека кога го извадила месото и го ставила на маса, домашните биле шокирани од глетката, додека децата се прашувале зошто возрасните го фотографираат парчето месо.

-Кога купуваш со мали деца, само сакаш што побрзо да излезеш од продавница и да завршиш со купувањето. Не ни забележав каков облик има месото додека не дојдов на каса. Тогаш почнал гласно да се смеам, вели Луиса.