Купил кинески чорапи, а во нив пронашол трогателна порака
Момче од Њукасл, Шакил Акбар купил црни памучни чорапи и таму пронашол необична порака. Пораката е напишана кинески јазик, а ја напишал затвореник кој ја направил. Шакил успеал да ја преведе сподржината на пораката на англиски јазик и ивдел дека станува збор за повик за брза помош. Еве што пишувало на пораката:
„Моето име е Динг Тингкунг. Имам 39 години и погрешно сум обвинет за измама и уцена и осуден сум на 3 години затвор. Сето тоа се случи кога патував во Пекинг да пријавам случај на корупција.“ - напишал затвореникот.
Понатаму наведува дека се жалел во суд на пресудата и дека во моментов е во округот Лингби каде што го мачат. Замолил кој и да најде пораката да ја испрати на кинескиот претседател или премиер.
Сепак, портпаролот на компанијата која продава чорапи рекол дека сето тоа е наместено, бидејќи слични пораки се прошириле насекаде низ светот. Акбар не е единствениот кој пронашол порака со слична содржина меѓу чорапи.
Ново на Сител
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
-
Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа
-
Зеленски ќе учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет и ќе се сретне со Руте