-->
-->
Куп - жени: Финале за Бадел и Вардар
-->

Кошаркарките на Бадел и Вардар ќе играат во финалето на женскиот кошаркарски куп на Македонија што се одржува во Кавадарци. Овие две екипи попалднево во полуфиналето постигнаа победи над МНА Кожувчанка односно Пелистер.
Во првото полуфинале бранителот на трофејот Бадел го совлада тимот од Кавадарци МНА Кожувчанка со 63:47, а најефикасна беше Нена Трајчевска од Бадел.
Во второто полуфинале Вардар го совлада тимот на Пелистер со 67:46, а најефикасна на натпреварот беше Американката во дресот на Вардар Ешли Вац со 16 поени.
Женското финале на купот се игра утре меѓу Бадел и Вардар во 16 часот.
Вечерва се играат и двата полуфинални дуела кај мажите: Карпош Соколи – Работнички и Фени Индустри - МЗТ Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
