Македонија
22. April 2019 - 10:34

Кумановскиот градоначалник упати сочувство до трагично загинатиот полициски службеник

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска, изрази сочувство до семејството на трагично загинатиот полициски службеник Виктор Цветковски.
 
– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да Ве утешат во овие моменти. Со длабоко жалење ја примив веста за тешката сообраќајна незгода и трагичната смрт на еден млад човек. Во овие тешки моменти за вас и вашето семејство, сакам да Ви изразам искрено сочувство за загубата на нашиот сограѓанин, професионалец во својата работа, син, сопруг и татко. Нека почива во мир, пишува меѓу другото Димитриевски.
 
Полицискиот службеник загина, приправник беше повреден, повредени беа уште три лица во сообраќајна несреќа што се случи утрото помеѓу саботата и неделата во Куманово, откако во нив удри возило „мерцедес“ управуван од 40-годишен возач во алкохолизирана состојба.