Кумановската полиција фати возач со 3,64 промили алкохол во крвта | ФОТО
Кумановец управувал возило со 3,64 промили алкохол во крвта.
- Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 89 возачи. Од нив, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема . Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили, сооошти МВР.
Оттаму додаваат дека, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски