Кумановската болница затвори едно од трите Ковид одделенија, поради намален број на хоспитализирани пациенти
Општата болница Куманово го затвори ковид оддел 2 или одделението за неврологија, поради намален број на примени пациенти, соопштија денеска надлежните од болницата. Вчера во болницата имало само пет хоспитализирани пациенти од кои тројца биле пуштени на домашно лекување, а двајца биле префрлени во модуларната болница. Вкупно во двата ковид оддели (инфективно одделение и модуларната болница) има 47 пациенти и околу 50-тина во дневна болница.
Искрено се надеваме дека трендот на опаѓање на новозаболени ќе продолжи, но сепак, ние сме најголема општина по број на жители во државата, трендот на опаѓање ќе оди побавно во однос на другите градови-изјави директорката ан болницата, Снежана Захариева. Опаѓа бројот и на амбулантски прегледи, дел се за контрола, дел во дневна болница. Иако, вчера немаше новозаболени, сепак, болеста не може одеднаш да исчезне, вели Захариева и апелираше граѓаните да се придржуваат на мерките.
Захариева најави постепено враќање во нормала на хируршкото, очното и другите одделенија кои почнуваат со операции. Ковид 2 ќе се молерисува, ќе се уредува, ќе се адаптираат простории и се очекува да почне хоспитализација на пациентите.
– Со средства обезбедени од Министерството за здравство почнаа работите за изградба на гасна централа, за проектот кој веќе го имаме три и пол години. Се надевам дека идната грејна сезона ќе ја дочекаме со греење на гас. До крајот на летото очекуваме уште еден компјутерски томограф, сместен во ургентно-хируршкиот центар-изјави Захариева која се заблагодари на ресорното министерство за вложените средства.
Персоналот на болницата ќе почне со годишни одмори, но како што појаснуваат од менаџерскиот тим, раководителите на одделите ќе ја организираат работата за непречено функционирање на болницата.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген
-
ИЈЗ: Со внимателен избор на храна може да се ужива во празниците без здравствени ризици
-
Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
-
Украина го прекина транспортот на руски гас
-
Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година
-
Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра