-->
-->
Куманово се избори за 1/2 финале
-->

Куманово е последниот тим кој обезбеди пласман во 1/2 финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Куманово со 3-1 во победи ја доби четвтрфиналната пресметка против Работнички откако вечерва пред својата публика славеше победа со 100:94
Сите „стартери“ кај домаќниот имаа двоцифрен број поени, а најмногу имаше Бојан Трајковски 27 (и 10 скокови). Александар Костовски и Ненадо Мисановиќ постигнаа по 19 поени, а првиот имаше и 8 асистенции додека Србинот придодаде и 9 скокови.
На Работнички не му помогна ниту фантастичниот Ѓорѓи Чековски кој за малку не оствари „трипл-дабил’’, па натпреварот го заврши со 29 поени, 10 скокови и 9 асистенции.
Куманово во полуфиналето ќе игра против Карпош Соколи, додека во дугото полуфинале ќе играат МЗТ Скопје и Фени Индустри.
Полуфиналната рунда ќе стартува во Скопје, веќе во петок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
