-->
-->
Куманово: Приведен криумчар на мигранти | ВИДЕО
-->

На 27.08.2023 во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти МВР.
Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода.
Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
