Куманово испрати механизација за поплавените области во Скопје

Општина Куманово испрати механизација потребна за расчистување во скопските општини кои претпреа штета од саботното невреме, соопшти денеска секторот за односи со јавност на општина Куманово.
На терен во Синѓелиќ испратени се багер, скип, два камиона, пумпа за фекалии и вода, нисковлекачка приколка и возило за превоз на работници.
Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, денеска беше во посета на жителите на Сингелиќ. Од општина Куманово најавија дека утре во поплавените подрачја ќе донираат средства за дезинфекција.
Дамјановски се наведува во соопштението на општината, остварил средба со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски со кој се консултирале во кој дел треба да се интервенира. Инаку, кумановци продолжуваат да донираат на пунктовите поставени во централното градско подрачје.
Секретарот на општинската организација на Црвениот Крст Бојан Петрушевски, денеска информира дека доставиле донации за семејства од скопските општини кои привремено се сместени кај роднини во кумановско.
- Фирмите од Куманово секојдневно конатктираат со нас и нудат донации, рече Петрушевски.
Претседателот на здружението на дијабетичари Стефан Јовановски, денеска ги повика членовите во Куманово наредните неколку денови да донираат дел од својата месечна терапија за граѓаните во поплавените подрачја. Сите заинтересирани граѓани за оваа хуманитарна акција во организација на здружението својата помош може да ја достават во амбулантата за дијабетес во општата болница. Собирањето на помошта ќе трае до вторник.
- Сакам да апелирам до сите дијабетичари во Куманово кои се исклучиво на инсулинска терапија околу 2.000 пациенти да донираат по едно пенкало ќе биде сосема доволно за оние кои што го имаат изгубено инсулинот или е неупотреблив инсулинот. Се надевам деке ќе собереме и ленти и да направиме вонредна хуманитарна акција во вторник во загрозеното подрачје, мерење на шеќер каде што ќе се утврди дека има недостаток на инсулин и да ги донираме собраните количини, изјави Јовановски.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
