Кумановка остана без 15.000 денари, нејзиниот син го кажал пинот од картичката на непозната жена
37-годишна кумановка останала без 15.000 денари, откако нејзиниот малолетен син ја кажал сметката и пин кодот на банкарската картичка на непозната жена за да му уплати пари за монитор.
Мајката ја пријавила измамата во полиција и кажала дека парите од нејзината транскациска сметка во банката биле подигнати без нејзино одобрување.
„Според пријавеното, нејзиниот малолетен син на интернет страница објавил продажба на монитор, по што на 13.08.2022 едно женско лице на вибер остварило комуникација со него. Лицето побарало од нејзиниот син трансакциска сметка и пин бројот од банкарска картичка за да може да му пушти пари, по што тој ја дал сметката и пинот од картичката. Кога мајката отишла даја провери состојбата на сметката, сфатила дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
