-->
-->
Кумановец пријавил дека мајка му го нападнала со остар предмет, лекарите и кај неа констатирале телесни повреди
-->
Кумановец пријавил дека неговата мајка го нападнала со остар предмет. Лекарите констатирале телесна повреда кај него и тешки телесни повреди кај неговата 85-годишна мајка, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 16:52 часот во СВР Куманово, Н.С.(61) од Куманово пријавил дека во неговата семејна куќа на улица „Белановска“ со остар предмет бил нападнат од неговата мајка В.С.(85). Во Општата болница Куманово кај пријавителот Н.С. била констатирана телесна повреда, додека кај В.С. биле констатирани тешки телесни повреди, информираа од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата