Македонија
22. January 2019 - 10:31

Кумановец од Табановце спроведен директно во затвор

Ноќеска во 01,50 часот на Граничен премин Табановце, за влез во Р.Македонја се пријавил С.С.(32) од Куманово и при извршената пасошка контрола е констатирано дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1, а во врска со член 22 од КЗ.

Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, со цел спроведување до КПУ-Затвор Идризово.