Фудбал
2. October 2020 - 10:42

Куман: Резултатите покажуваат дека сме на добар пат

Барселона одигра втор силен натпревар во Примера и како гостин ја победи Селта со 3:0.

Ова беше прв успех во последните 5 години за Каталонците на „Балаидос“, а тој дојде и покрај црвениот картон на Клеман Лангле непосредно пред паузата.

– Јас сум многу горд на тимот. Игравме дисциплинирано, и ова беше задолжително со оглед на фактот дека останавме со човек помалку. Дури и во намален состав, ја остваривме целта. Момчињата одлично ја вршат својата работа. Резултатите не тераат да мислиме дека сме на добар пат. За црвениот картон може да се дебатира многу. Работата на судиите не е лесна, но беше премногу остра казна. Сепак, важно е да не зборуваме за судијата, туку за нашата игра, особено откако останавме со 10 фудбалери, изјави Куман.