Живот
29. August 2015 - 8:24

Куќата на Големиот брат со нов изглед

Во петок 4-ти септември на Сител започнува со емитување регионалната верзија на најпознатото реално шоу во светот Големиот брат.

Средувањето на куќата е завршено останати се само мали финеси и се води сметка дури и за најситни детали.

Големата дневна соба и понатаму е централното место каде што ќе се наоѓаат станарите и каде ќе ги извршуваат задачите. Тука е и базенот, а кујната исто така е реновирана и подготвена за утринските муабети.

Окото на камерите ќе ги следи учесниците од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во оваа сезона работат преку 200 луѓе, а познато е дека камерманите работат во неколку смени и дека не смее да се испушти ниту една секунда. Дури не смеат да носат ниту телефони, а паузите се исклучени.

Шоуто оваа сезона ќе го водат Антонија Блаче и Скај Виклер, тандем кој од првата секудна одлично се вклопуваат.

Од продукцијата не сакаат многу да откриваат, но велат дека не чека, најголемата и најзабавната сезона на Големиот брат.